Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, има 35 сметки во банка, а поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, нешто помалку, или 27 банкарски сметки, говорат податоците на СЈО.
Овие податоци Специјалното јавно обвинителство ги објави во обвинителните акти за случаите „Титаник“ и „Траекторија“, во деловите каде што за Груевски и Пешевски предлагаа да им се одреди мерката притвор.
-Обвинетиот Н.Г. поседува парични средства на сметки во шест деловни банки во Р. Македонија при што на 20 денарски сметки поседува вкупно 9.934.875,00 денари а на 14 девизни сметки поседува 46.726 евра. Исто така обвинетиот поседува и други девизни средства на 15 девизни сметки во различни банки, се наведува во обвинителниот акт за случајот „Титаник“, каде што Груевски е првообвинет.
Во анкетниот лист Груевски има пријавено парични средства на 29 сметки. Останатите кои недостасуваат можно е да се неактивни, а Пешевски пријавил само две сметки.
Во обвинителниот акт за случајот „Траекторија“, пак пишува дека Пешевски има 27 банкарски сметки, од кои 24 се активни.
-По собраните податоци од деловните банки, се утврди дека обвинетиот
В.П. во шест банки во Република Македонија поседува вкупно 27 банкарски сметки од кои 24 сметки се акгивни, на кои што што се наоѓа значителен износ на парични средства кои што би можеле да му послужат како средство со кое што би се реализирала неговата намера за бегство, пишува во обвинението за „Траекторија“.
За останатите поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а за кои СЈО исто така бараше притвор, како Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Владимир Пешевски и и други, нема посочено информација за тоа колку сметки поседуваат во банка и колку средства имаат на нив.
Извор: Фокус