Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според најновите статистички податоци кои ги објави Институтот за јавно здравје во врска состојбата со коронавирусот во Македонија, во изминатите 24 часа потврдени се 33 новозаразени пациенти од КОВИД-19 и регистрирани се 22 оздравени пациенти.
Оздравени по градови:
– Скопје 2
– Куманово 6
– Штип 3
– Прилеп 7
– Тетово 1
– Струга 1
– Кочани 2
Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1. Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на ковид -19.
На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70 годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1572, бројката на оздравени пациенти е 1079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.