Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Раководните лица во ЈП Комунална хигиена – Скопје не им ги продолжиле договорите на 33 лица кои имале договор за дело, со месеци и години не оделе на работа, а земале плата.
Од претпријатието соопштиваат дека „во ЈП Комунална хигиена-Скопје мора да се стави крај на расипничкото трошење на парите на граѓаните и посветено да се работи на подобрување на услугите и исполнување на нашите обврски кон граѓаните.
Истовремено кон вработената во ЈП Комунална хигиена-Скопје која предизвика инцидент веќе е отпочната дисциплинска постапка. Работниот процес мора да се одвива професионално и со почит кон секој. Претпријатието е отворено и транспарентно за сите граѓани и медиуми и во иднина нема да се дозволи недолично или несоодветно однесување во претпријатието, а сѐ во насока на имплементација на реформи за подобри работни процеси во интерес на граѓаните“, соопшти ЈП Комунална хигиена.
Вчера на двајца новинари од вработено лице во ЈП Комунална хигиена не им било овозможено да снимат прилог во просториите на претпријатието.
Од 12 јули нова директорка на ЈП Комунална хигиена-Скопје е Косана Мазнева. Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го разреши претходниот директор Зуди Енузи Кока, кадар на Алијанса за Албанците, чиј брат на 6 јули пукаше од пиштол на плоштадот „Скендербег“ кога поминуваше колоната демонстранти која се движеше кон зградата на МНР.
Кога градоначалник на Скопје беше Петре Шилегов, со ЈП Комунална хигиена-Скопје раководеше Абдусамед Шабани, кадар на ДУИ.