Advertisements
Авто мото

325 км/час од 615.000 евра

Годинешниот Concorso d’Eleganza Villa d’Este саем беше зачинет со промоцијата на бесната машина потпишана од Ares Design, која претставува навистина посебен модел.

Името му е Panther ProgettoUno. Дизајнерски се потпира токму на Де Томасо и неговата Пантера, која ќе биде оживеана оваа година и тоа на фестивалот на брзина во Гудвуд. Како инспирација за овој модел послужи новиот Lamborghini Hurican.

Но оваа Пантера има посилен мотор со цели 650 коњски сили и 600 Нм. Авторот вели дека поради задржување на помала маса, до 100 км/час ќе достигнува за 3,1 секунди.

Максималната брзина е 325км/час. Овој карбонски болид има цена од 615.000 евра со време на изработка од 12 недели.

Advertisements
To Top