32 евра од вечер за спиење под отворено небо – еве каде е оваа понуда


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Светски популарната и фреквентно користена платформа AirBnB туристите може да изнајмат сместување на Крит под отворено небо. Во оваа понуда тие добиваат кревет поставен во двор, на кој ќе спијат на отворено.

Жена од градот Палеокастро изнајмува кревет поставен во дворот на нејзината куќа и ги повикува туристите на одмор под „ѕвездено небо”. Во огласот на гостите не им се нуди клима уред, телевизор или пожарен аларм, но затоа имаат заедничка кујна, бања и тоалет во дворот.

Доколку сакаат и „луксуз” како чистење на дворот , ќе треба да доплатат и ќе ги чини 41 евро. Минатото лето веќе имало туристи во ова сместување, а коментарите се повеќето позитивни, освен што дел од гостите се жаклат на блиската улица и постојаната бучава.