Home Актуелно 31. октомври – Светски ден на штедењето

31. октомври – Светски ден на штедењето

Последниот ден од месец октомври во светот се одбележува како Ден на штедењето кога се потсетуваме колку е важно да се има заштеда и долгорочно да се штеди за остварување на поставените цели.

Светскиот ден на штедењето е воведен во 1924 година на Првиот меѓународен конгрес на штедилниците во Милано, Италија. Италијанскиот професор Филипо Равица на последниот ден од конгресот го прогласил овој ден за „Меѓународен ден на штедењето“, а идејата била прифатена од 29 земји кои сакале да ја потсетат јавноста за важноста на штедењето за економијата и за поединецот.

На овој ден во нашата земја традиционално се избираат најдобрите банкарски работници во изминатата година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…