300 килограми марихуана запленети на граничниот премин „Богородица“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против грчки државјанин, за производство и промет на дрога. На граничниот премин Богородица, вчера македонската царина заплени над 300 килограми марихуана, која ја пренесувал осомничениот, а која била наменета за продажба.

Дрогата ја пренесувал во товарно возило „Сканиа“ со грчка регистарска ознака. Во возилото, меѓу разновидната стока наменета за превоз од Атина до Вупертал, Република Германија, осомничениот пренесувал и 95 вреќи ориз со крајна дестинација Керкаде, Кралство Холандија. Во 75 вреќи, покрај оризот биле најдени алуминиумски вреќи обвиткани со стреч фолија каде се наоѓала наркотичната дрога марихуана.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотопни супстанции и прекурсори. Обвинителството до Основниот суд Велес поднесе и предлог за определување на оваа мерка, што беше прифатено од страна на судот и определи притвор за осомничениот во времетраење од триесет дена.​