Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Забелешките за македонските учебници по историја кои Бугарија се напишани на повеќе од 30 страници, се вели во изјавата од бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, која таа ја изнесе во бугарското Собрание.
Бугарија доставила над 30 страници со забелешки за учебниците по историја во Македонија. На одговор на пратеничко прашање во парламентот, бугарската шефица на дипломатијата Екатерина Захариева вели дека забелешките се доставени за учебниците од шесто и седмо одделение во Македонија. Захариева кажа дека бугарските претставници од комисијата, како што рече, констатирале сериозни проблеми во содржината на учебниците.
,,На вториот состанок на комисијата е направен преглед од бугарската комисија на учебниците од шесто и седмо одделение на Република Македонија и доставени се над 30 страни со забелешки по нив. Комисијата констатирала сериозни проблеми во содржината на учебниците. Во исто време атмосферата во комисијата на двете страни била позитивна и конструктивна и покрај многуте забелешки.
Вчера во изјава за Канал 5, шефот на македонскиот тим Драган Ѓоргев рече дека забелешките се главно за содржините од средниот век – Самуиловата држава и просветителите Св. Кирил и Методиј.
Мултидисциплинарната комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија беше формирана согласно договорот за добрососедство потпишан од двете земји. До сега комисијата имаше два состаноци, од кои првиот во Софија, а вториот во Скопје. Денеска и грчкиот лидер на опозицијата Кирјакос Мицотакис во интервју за медиумите кажа дека за него и неговата партија останува неприфатливо признавањето на македонската нација и македонскиот јазик со договорот од Преспа. Најголемиот проблем според него е како што рече – македонскиот иредентизам.