30 нови случаи на заразени со коронавирус во Македонија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од вкупно направените 342 теста за едно деноноќие во Македонија се потврдени 30 нови случаи на заразени лица од коронавирус.

12 нови случаи има во Скопје со што бројката на заболени во главниот град достигна 195. 9 новодијагностицирани случаи на Ковид 19 има во Прилеп каде квупната бројка на заболени е 21. Нови 8 заболени има во Куманово кој е втор град по број на заболени со вкупно 62. Нов втор случај има и во Крива Паланка. Дебар каде нема новодијагностициран пациент има вкупно 47 заболени. Штип е со вкупно 15, Тетово 13 а останатите градови 9 градови обележани со црвено на Ковид- мапата имаат под 10 заболени.

Од почетокот на корона кризата до сега се направени 4117 тестови. Повеќе детали за состојбите со Ковид 19 во земјава ќе соопшти министерот за здравство попладнево на редовниот прес.

Куманово не се откажува од барањата за ставање на градот во карантин. Како и претходните денови и денеска општинскиот штаб на седницата донел заклучок да бара од Владата целосна изолација на градот со точно утвредени протоколи за однесување на институциите, граѓаните и правните субјекти со контролни пунктови на влезови и излези во градот. Здравствени власти прават проценки но сè уште не се одлучиле за оваа опција

Од Министерството за здравство и официјално известија дека граѓаните кои поминале период од 14 дена во самоизолација и немаат симптоми дека не е потребно лабораториски да се тестираат.

Едни завршуваат со самоизолација други граѓани почнуваат. Според податоците од МВР изминатото денонокие 59 лица добиле решенија за изолација, а 224 граѓани потпишале дека ке бидат во самоизолација Полицајците кои вршат контроли откриле само еден граѓанн кој не бил дома, во одно на непочитувањето на полицискиот час 72 лица не ја почитувале забраната за движење. Од нив 41 граѓанин бил приведен.

Елена Муковска