30-годишниот Ангелче кој пијан со голема брзина прегази мајка и ќерка на пешачки ја призна вината


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


30-годишниот велешанец Ангелче кој пијан и со огромна брзина удри мајка и ќерка на пешачки во Велес, при што 11 годишната Магдалена почина, денеска седна на обвинителна клупа во велешкиот суд.

„Признавам вина и му се извинувам и на семејството и на јавноста“, изјави пред судот.

Неговиот адвокат побара од судот да ги смета како олеснителни околности тоа што тој го призна делото и дека сам се пријавил во полиција. Сепак со ова не се согласува обвинителството бидејќи освен што не е прв пат да возел пијан, и два пати бил казнуван за возење во алкохолизирана состојба, тој и се криел неколку дена откако го сторил делото, пред самиот да се предаде во полиција.

Адвокатот на оштететеното семејство Јанаки Митровски побара од обвинителство да истражи кој го криел Николов два дена. Тој за ова и претходно реагираше до јавноста, а и денес се огласи по завршувањето на рочиштето.

„Заврши судењето за Ангелчо Николов во Велес кој ја усмрти 11 годишната Магдалена Иванова.. Призна дело, се изведоа доказите. Во воведни зборови, наместо да се концентрира на обвинетиот, обвинителката Славица на скандалозен начин се обиде да ме шиканира, осврнувајќи се на тоа зашто нема кривичен прогон за селаните кои го криеја како и за сопатниците кои се вратија на лице место, а не сакаа да го откријат идентитетот. Возилото е пронајдено поради испадната регистрација, а да не беше тоа случај? Па така ЈО Славица кажа дека обвинителството не било рекла казала, или фејсбук институција јасно алудирајки на моето алармирање преку социјалнми мрежи. Единствено мојата почит кон судијките Габриела и Валентина кои се одлични судии ме спречија да реагирам како што знам и умеам бидејки одамна сум се решил дека нема да дозволам никој да ме гази. А да се концентртираше колешката ЈО на предметот колку што ми дреме по социјални мрежи можеби немаше да и промакне погрешната квалификација на повреди за мајката на детето, каде лекарот со две фрактури ги квалификува како телесни, а не тешки телесни повреди. Поради неактивноста на ЈО Славица поднесов кривична пријава, која поради моја грешка, ќе ја прецизирам задутре кога на 17.03. во 12.00 часот е закажана објавата на санкцијата која ќе ја добие обвинетиот“, напиша тој на Фејсбук

Сепак според обвинителството иако во моментот на несреќата, во автомобилот на Николов имало и други луѓе, но тие не се предмет на обвинение, оти немало докази дека тие имале било каква врска со кривичното дело.

Иако обвинителниот акт е поткрепен со изјави на сведоци на настанот, фотодокументација и видео записи од камери на неколку околни објекти, како и со повеќе вештачења извршени по наредба на јавниот обвинител, нема да има нивно сослушување бидејќи обвинетиот целосно ја призна вината. Судот го затвори претресот и пресудата ќе ја донесе на 17 март, во 12 часот.

Во обвинителниот акт стоеше дека:

– Иако бил во алкохолизирана состојба, тој управувал со автомобилот, па приоѓајќи во близина на обележан пешачки премин, не ги почитувал сообраќајните знаци. Возел со брзина од околу 68 километри на час, што е повеќе од двојно над дозволената брзина на критичниот дел од патот, каде постоел и сообраќаен знак за максимално дозволена брзина од 30 километри на час. Обвинетиот не обрнал внимание на пешаците и со автомобилот удрил во мајка и ќерка кои во тој момент поминувале преку обележаниот пешачки премин. Од ударот мајката се здобила со телесна повреда на челото. Девојчето, пак, било исфрлено 10-тина метри напред, до следниот пешачки премин, каде паднало на земја, се здобило со бројни тешки повреди во пределот на главата и екстремитетите и починало.

Наместо да застане и да им помогне на жртвите, обвинетиот со несмалена брзина продолжил да вози во правец кон населбата Превалец.

По несреќата, обвинетиот го оставил автомобилот на место подалеку од својот дом и го исклучил мобилниот телефон, па не бил достапен до 19.12.2022 година кога се предал на органите на прогонот. Ова за јавниот обвинител неспорно го потврдува стравот дека доколку се брани од слобода, тој би можел повторно да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Освен тоа, нему претходно веќе му биле изречени две прекршочни казни за забрана за управување со моторно возило поради алкохолизираност, кои не ги почитувал, што упатува на веројатност да го повтори кривичното дело, се велеше во соопштението на обвинителството.