30 години гаражирано Југо од 9.000 долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На огласникот „Креиглист“ беше објавен оглас за продажба на автомобил Југо кој стана вистински хит како во американските медиуми, така и пошироко.

Југото било чувано во гаража во Мериленд од 1988 година и со него се поминати само околу 700 километри. Продавачот за медиумите изјави дека кратко време го возел татко му, кој го купил зашто му изгледал ,,единствен и некако убав”.

Сопственикот за ова Југо бара 9.000 долари , а во понудата е вклучен уште едно Југо за резервни делови – што, мора да признаете, звучи како приказна од виц за Југо, кое Американците го прогласија за најлош автомобил на столетието .

Огласот кој беше објавен пред неколку дена веќе не е активен, па не е познато дали Југото е продадено или пак сопственикот се предомислил.