30 деца починаа во болница во Индија поради недостиг на кислород


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најмалку 30 деца починаа во болница во индиската држава Утар Прадеш, поради, како што пренесуваат индиските медиуми, недостиг на кислород од 48 часа, до кој, наводно дошло, откако приватниот доставувач престанал да испорачува кислород, поради неплатени болнички сметки, пренесува Ројтерс.

Меѓу децата кои починале е и едно бебе, но и деца до 12 години.

Главниот доктор во болницата „МРД Медикал колеџ“, Р.С Шукл, ги негира обвинувањата дека не платиле сметки на доставувачот на кислород и нагласи дека барем десет деца починале поради енцефалитиса, болест која предизвикува воспаление на мозокот, додека останатите деца починале поради различни видови на заболувања, не дополнувајќи повеќе информации, пренесуваат светските агенции.

Властите започнаа истрага по повод овој случај.