Актуелно

30 дена притвор за момчето кое го запали прилепското кафуле „Паб Корнер“


Судот му изрече мерка притвор во трање од 30 дена на момчето кое пред Нова година го запали прилепското кафуле „Паб Корнер“.

По поднесување на кривична пријава против 24-годишен прилепчанец, Основното јавно обвинителство Прилеп води постапка за основано сомнение дека тој сторило кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ од чл.292, ст.1 во врска со чл.288, ст.1 од Кривичниот законик.

Од таму велат дека постои сомнение дека тој на 31 декември лани, во три часот по полноќ во кафе барот „Паб Корнер“предизвикал пожар. Претходно, околу 18 часот, тој во пабот почнал вербална расправија со еден од вработените и со менаџерот на објектот и без да го подмири долгот заминал од барот, упатувајќи закани дека ќе го запали пабот бидејќи бил навреден.

Осомничениот купил три шишиња запалива течност и во три часот се вратил во пабот, му се претставил на вработениот хигиеничар и веднаш ја полил течноста и ја запалил.

„Со ваквото дејствие, осомничениот предизвикал значителна материјална штета и го сторил кривичното дело за кое го гони Основното јавно обвинителство Прилеп. Против осомничениот надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор по чл.165, ст.1, т.1, 2 и 3 од Законот за кривична постапка.  Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена“, се наведува во соопштението.​

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top