30 дена притвор за Камчев и уште четворица осомничени во случајот „Империја“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На Јордан Камчев, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски им беше одредена мерка притвор во траење од 30 дена во случајот на СЈО „Империја“.

Тие во рамки на оваа истрага се осомничени за неколку кривични дела, меѓу кои злосторчничко здружување, измама, перење пари, злоупотреба на службена положба. Ваквата инфомација ја потврдуваат и дел од адвокатите, но не е официјално потврдена, пренесе 1тв.

Распитите во кривичниот суд за истрагата на СЈО „Империја“ траеа околу четири часа. Но, се чекаше судијата на претходна постапка Весна Димишкова да ја донесе одлуката.

Иако беше последен донесен и не беше регистриран од медиумските камери, како првоосомничен, прв беше испрашуван бизнисменот Орце Камчев.

СЈО изврши претрес на 12 локации. Обезбедиле доволно докази за да се докажат кривичните дела.