30 дена притвор и за Богдан Илиевски познат како „Бетмен велит“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кривичниот суд му одредил мерка притвор во траење од 30 дена и на Богдан Илиевски, неофицијално дознава и пренесува Press24 од извори во Судот.

Илиевски беше еден од предводниците на иницијативата За заедничка Македонија. Другиот предводник Борис Дамовски неофицијално добил куќен притвор. Информацијата се уште нема официјална потврда.
Покрај него, во притвор, според официјално потврдени информации се уште 5 лица, а двајца добиле куќен притвор. Неофцијалните информации велат дека најголемиот дел од останатите кои вчера беа приведени добиле притвор.

Се очекува во текот на денот да бидат соопштени сите одлуки.