30 дена притвор за бившиот директор на УБК Атанасовски


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По распитот во Кривичниот суд, на поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски му беше одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Тој се товари за кривично дело „здружување заради непријателска дејност“, откако на минатите рочишта за „27. април“ од дел обвинети беше директно посочуван како главен организатор на насилниот упад во Собранието минатата година.

Атанасовски беше уапсен синоќа, пред зграда спроти МВР.

Атанасовски беше на чело на УБК до јуни 2017, а сега е советник за безбедност на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.