30 дена куќен притвор за актерката Силвија Стојановска – осомничена за шверц на кокаин


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Познатата македонска актерка Силвија Стојановска беше приведена и доби 30 дена куќен притвор поради сомнение за учество во меѓународен шверц на 700 килограми кокаин.

Актерката Силвија Стојановска и уште едно машко лице В.Б. беа изнесени во 14.40 часот пред судија на претходна постапка во Основниот кривичниот суд и за нив се бараше мерка притвор од страна на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Судијата на претходна постапка Ненад Савески ѝ одреди куќен притвор на актерката, а притвор на В.Б.

Во недостиг на официјалните информации во јавноста се шпекулира дека актерката била вмешана во шверц на околу 700 килограми кокаин кои шпанската полиција ги заплени во септември годинава. Неофицијално за ова се водела меѓународна координирана истрага на три земји.

Притворот бил определен поради можноста за повторување на делото и за влијание врз сведоци.

Инаку неофицијално Актерката била посредник во меѓународна трговија на дрога во која биле вмешани двајца браќа од кои едниот живеел во Мадрид, а другиот во Скопје.

Дали приведениот е братот кој живее во Скопје сè уште нема официјални информации од истражните органи.