3 работи кои никако не смее да ги оставите во автомобил кога надвор е ниска температурата

ниска температурата

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ниските температури кои се карактеристични за овој период не прават проблем само на нашето тело, туку и на некои неочекувани работи.

Често се случува потполно случајно да оставиме некои работи во автомобилот во текот на денот или ноќта. Мислејќи дека се заштитени, ние може да направиме штета, поготово ако надвор темературата е минус.

Доколку и вие ги чувате овие работи во автомобил, најдобро би било да ги извадите:

Смартфон или некој друг дигитален уред

Вашите уреди никогаш не би требало да бидат изложени на температура пониска од 0 целзиусови степени. На ладно најпрво би требало да откажи батеријата, затоа што во денешните уреди има литиум-јонски батерии.

Лекови

Со обзир на тоа што со ниските температури доаѓаат и некои болести, скоро секој од нас има некакви лекови, против настинка или грип. Но, внимавајте тоа е уште една работа која не би требало да ја чуваме во автомобил на ниски температури. Поголем број од лековите би требало да се чуваат на температура помеѓу 14 и 30 степени целзиусови. Се што е под или над оваа вредност, може да го уништи ефектот кај лековите.

Конзервирана храна

Доколку ве мрзи да ги извадите намирниците од автомобилот, може да го скратите рокот на траење. Покрај тоа што конзервираната храна трае долго, тое не значи дека може да поднесе ниски температури. Алуминиумските конзерви се отпорни на температура до 10 целзиусови степени, па се што е пониско може да ја оштети конзервата и да направи неред.