Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најдовме најприроден и наједноставен рецепт за антицелулитен пилинг.
Овој пилинг за отстранување на целулитот вклучува бадемово масло, кое се произведува од зрели бадеми и е богато со масни киселини, витамини Б, како и витамини А и Е. Совршено е компатибилен со липидите на кожата, обезбедува хидратација и ја прави кожата затегната и исклучително мека.
Што ви е потребно за да подготвите пилинг против целулит?
- Грст морска или крупна сол
- 15 ml (околу 1 лажица) бадемово масло
- 2 капки есенцијално масло од грејпфрут
- Добро измешајте ги состојките и нанесете ја смесата на местата каде што имате целулит (најчесто горниот дел од бутовите и задникот), откако ќе ги намачкате со сунѓерче. Масирајте со брзи потези, а потоа исплакнете со млака вода.
Пожелно е овој третман да се прави навечер за состојките да делуваат подобро додека спиете. Резултатите ќе бидат спектакуларни ако го повторувате третманот три пати неделно.