3 одлични причини зошто не треба да ги избегнувате јаглехидратите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јаглехидратите најчесто се спомнуваат како нутритиент кој е мајмногу крив за дебелеењето, а голем број познати диети ги изоставаат. 

Диетите кои се базираат на поглем внес на протеини, нормален внес на масти и намален внес на јаглехидати може да бидат одлични за намалување на килограмите. Меѓутоа јаглехидратите не се директен виновник за дебелеењето и се важен дел од рамномерна исхрана, главно за спортисти и активни рекреативци.

Ова се трите причини поради кои не треба да се исфрлат од исхраната:

Енергија

Јаглехидратите се најбрз и најдобар извор на енергија за секојдневните и спортските активности. Може да ги гледаме како некој вид гориво за мозокот и мукулите, затоа е важно да ги внесуваме. Не треба да се изостават јаглехидратите и после завршување на тренингот, со цел побрзо да се опорават мускулите.

Зачувување на мускулите

Доколку останиме без јаглехидрати нашиот организам може таа енергија да ја создади од други нутритиенти како масти и протеини. Доколку не се надополнува дневната потреба за јаглехидрати многу лесно може да им наштетиме на мускулите и организмот. Не е секое слабеење здраво, тоа мора да биде контролирано.

Влакна

Влакната се потребни за добро варење и разградување на храната, па така тие се важни за општото здравје. Најмногу може да ги најдеме во јаглехидратните намирници, поготово во оние од цели житарици. Ако ги избегнуваме јаглехидратите може значително да го намалиме и бројот на некои други нутритиенти.