3 години од потпишувањето на Преспанскиот договор во Нивици


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На денешен ден, 17. јуни, во 2018 година, во селото Нивици, беше потпишан Преспанскиот договор со што се отвори патот за решавање на деценискиот спор меѓу Македонија и Грција.

Три години подоцна, Македонија веќе е полноправна членка на НАТО, билатерлните односи со Грција се издигнати на повисоко ниво. Но, на внатрешен план предизвиците сè уште постојат а произлегуваат од промената на уставното име на државата и импликациите во однос на националниот идентитет. Нема консензус за ова прашање, а опозициската ВМРО ДПМНЕ најави дека доколку дојде на власт ќе го ревидира договорот.

Но, на надворешен план тој доведе до стабилност на регионот.

Премиерот Зоран Заев на својот фејзбук профил напиша дека Договорот од Преспа е достоинствено и прифатливо решение за двете страни.

„Светот и меѓународната заедница оддадоа признание дека спогодбата од Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот. Дека е модел за многу други отворени прашања. Секој проблем е различен и специфичен на овој свет, но дијалогот и дипломатијата остануваат најдобриот пристап во нивното решавање” – напиша Заев.

Поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас во интервју за МИА вели дека со Преспанскиот договор ЕУ била принудена да го одмрзне процесот на проширување.

Една година по потпишувањето на договорот во Грција се одржаа избори на кои владејачката СИРИЗА изгуби а на власт дојде Нова демократија.

Иако како опозиција го негираа и го сметаа за штетен, актуениот грчки премиер Мицотакис откако застана на чело на Владата го почитува Преспанскиот договор.