3 едноставни начини за да се решите од салото околу стомакот!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


После снегот и ниските температури, наскоро ќе можеме да уживаме во сончеви и топли денови. Зимската облека ќе ја ставиме на дното на ормарот и ќе извлечеме нешто лесно.

Пред нас се уште неколку месеци пред почетокот на летото, а за да би можеле без срам да прошетате во купачи, ние ви претставуваме неколку начини да се решите од масните наслаги околу стомакот.

Променете го режимот на исхрана

Во теретана може да вежбате колку сакате, но ако не се храните исправно, тогаш сте во затворен кург. Диетите може да бидат добри, но ако се конципирани на начин што во организмот ќе ги внесувате потребните минарали и витамини. Гладувањето нема да ви помогне, бидејќи ќе се чувствувате слабо и уморно, а салото околу стомакот нема да исчезне. Слободно јадете авокато и јаткасти плодови, а наместо масло консумирајте маслиново масло. Тоа може многу да ви помогне.

Помалку нервирајте се.

Да, да вистина. Стресот може многу да влије врз вашиот физички изглед. Кога сме под стрес, нивото на исулин расте, а ако е премногу тогаш се создава сало. За тоа да не се случи,  изберете лесна активност како што е јогата или пешачењето. Доволно спијајте и слушајте смирувачка музика.

Вежбајте без претерување

За ја постигнете посакуваната физичка кондиција, не мора одма да трчате маратон. Немојте да се изложувате на непотребен стрес и да вежбате повеќе отколку што можете. Изберете облик на вежба во која ќе уживате. И за момент ќе бидете спремни за летото кое доаѓа.