3,6 милијарди долари тежок „бткоински“ криминал во Бугарија – замешани и Македонци


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во анти-корупциска акција во Бугарија биле запленети стотици илјади биткоини чија вредност моментално се проценува на 3,6 милијарди долари. Според „Зирохеџ“ таа сума е петтина од вкупниот долг од 16,5 милијарди долари кој моментално го има Бугарија.

Полицијата конфискувала 213.519 биткоини, кои за време на акцијата што се случила во мај имале вредност од околу 500 милиони долари. Запленетата дигитална количина на пари во моментов се проценува на неверојатни 3.6 милијарди долари, благодарение на експлозивниот пораст на вредноста на криптовалутата.

За време на операцијата биле пребарани повеќе од 100 адреси, осомничени и автомобили, според СЕЛК. Од 23-та уапсени, петмина се Бугарски цариници. Полицијата запленила и „опрема, комуникациски средства, компјутери, таблети и банкарски документи“.

„Организираната криминална група се состоела од Бугарски државјани со врски во Македонија, Грција, Романија и Србија“, вели СЕЛК.

Според полицијата, групата регрутирала „корумпирани царински службеници од сите вмеани земји кои намерно инфилтрирале вирус во царинскиот компјутеризиран систем. Откако вирусот бил инсталиран, престапниците менувале информаци за разни пратки, по што во компјутеризираниот систем изгледало како истите веќе да се проверени и одобрени за влез во земјата“.

СЕЛК додава дека „престапниците го одбрале биткоинот како начин на инвестирање/штедење на парите, бидејќи е тешко да се следи“.