3,15 милијарди долари загуба за Дојче Банк во вториот квартал од 2019 година


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


„Минус“ од 3,15 милијарди долари е негативната статистика на банкарскиот гигант Дојче Банк, кој банката го забележа во вториот квартал од 2019 година.

Според германски „Билд”, причина за загубата е радикалното преструктурирање на банката, претходно објавено од страна на извршниот директор на банката, Кристијан Севинг.

Ова преструктурирање го оптовари билансот на банката за 3,4 милијарди евра, рече тој.

„Без овој товар, Дојче банкa ќе оствареше профит”, објаснува Севинг.

Приходите на банката се намалија за шест проценти, а загубата беше поголема отколку што беше најавено на почетокот на јули, кога беше проценето дека ќе изнесува околу 2,8 милијарди евра, потсетуваат медиумите.

Повеќе од 900 вработени во Дојче банка добија известување изминативе денови дека нивниот работен договор е прекинат или дека им се укинува работното место.