3.000 нови BMW автомобили пет години ги јаде забот на времето во Канада – еве ја причината


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Околу 3.000 различни нови автомобили BMW и Mini веќе петта година се оставени на забот на времето да скапуваат на огромен плац во Канада.

Новите автомобили пристигнале во 2015 во пристаништето Халифакс среде невреме и тоа токму кога од бродот ги истоварувале во камиони и на воз. Точно 2966 нови автомобили требало да тргнат кон салоните низ Канада , но имало толку голема бура што морето ги прекрило неколку пати.

Автомобилите биле полни со солена вода и затоа испораката вредна 150 милиони долари била откажана. По барање на владината агенција ,,Транспорт Канада”, сите автомобили БМВ морале да се вратат назад во фабриката и да се исчистат од солта.

Од германската фабрика заклучиле дека ќе ги чини премногу и едноставно пратиле нови автомобили, а претходните останале на плац во Канада , во близина на Ванкувер. Меѓу автомобилите има и луксузни од серијата 7, потоа М4 и М6 , како и еколошки i3 и i8.