3.000 години старо маслиново дрво на Крит и денес раѓа маслинки


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На грчкиот остров Крит, во селото Вувес, гордо стои 3.000 години старо маслиново дрво. „Маслинката од Вувес“ е позната во светски рамки по тоа што и денеска уште дава род.

Археологот Тициа Вервир објави слика од ова маслиново дрво на Твитер додавајќи во описот: „Стоеше кога Рим беше запален во 64 година од нашата ера, кога Помпеја беше уништена од вулканската ерупција во 79 година“.

Дрвото е одамна прогласено за природен споменик.

Долж медитеранскиот брег постојат уште 6-7 маслинови дрва стари помеѓу 2.000-3.000 години кои се сметаат за нашите последни врски со античкиот свет.