Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Без маски и социјална дистанца (нешто што повеќе од една година си го нарекуваме „ново нормално“), три илјади млади луѓе се собраа на првата голема техно журка сред пандемија организирана во Анлија за да се тестира безбедноста на големите настани.
„Клаберите“ иако знаат дека се дел од пилот проект, се воодушевуваат од повторното отворање на големата музичка сцена за прв пат по повеќе од една година.
Единствен услов за за влез, е секој гостин 24 часа пред почеток на настанот да има негативен тест на Ковид-19.
Забавата именувана како „Првиот танц“, е прва од ваков тип во Велика Британија од минатиот март, имаше за цел да се соберат докази за тоа дали евнтуално големите настаните би можеле безбедно да функционираат ова лето и дали може да се олеснат мерките за социјално дистанцирање без да се активираат нови епидемии на коронавирус.
Забавата беше дел од серијата пилот настани спонзорирани од владата на Велика Британија на кои присутните, сите жители на Ливерпул, беа тестирани за Ковид-19 пред и по настанот. Сите учесници ќе треба по пет дена да направат уште еден тест. Истражувачите го проучуваа и квалитетот на воздухот на местото на одржување.