29 новозаразени пациенти од коронавирусот во Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според најновите податоци од Институтот за јавно здравје, од 349 направени тестирања, во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови пациенти заразени од коронавирусот и шест оздравени пациенти.

Оздравените пациенти по градови се лоцирани во:

– Штип 1
– Велес 3
– Гостивар 1
– Кочани 1

Во изминатите 24 часа направени се 349 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-6, Тетово-5, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2. Досега во земјата се направени вкупно 20.088 тестирања на КОВИД-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.723, бројката на оздравени пациенти е 1235, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 393.