Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
28 вируси досега непознати за луѓето беа откриени од страна на научно-истражувачки тимови во примероци на мраз собрани од глечерите на тибетската висорамнина, кои биле замрзнати 15.000 години.
Наодите, објавени во списанието „Микробиом“ на 20 јули, ќе помогнат да се разбере како се развивале вирусите низ вековите, велат истражувачите.
Во соопштението за јавноста, главниот автор на студијата, Зи-Пинг Зонг, истражувач од Универзитетот „Бирд Полар“ и на Центарот за истражување на климата на Државниот универзитет во Охајо, изјави дека „овие мразулци се формирале постепено и – заедно со прашината и гасовите – и многу други вируси биле депонирани во тој мраз “.
За оваа студија, истражувачите испитувале јадра од мраз земени од ледената капа Гулија во западна Кина 2015 година. Јадрата биле собрани од 22.000 метри надморска висина.
Научниците открија дека мразот е стар скоро 15.000 години и дека внатре има генетски кодови од 32 вируса. Иако можеле да идентификуваат четири вируси, најмалку 28 вируси се покажа дека се нови.
Студијата беше интердисциплинарен напор, а јадрата од мраз беа собрани како дел од програмата за соработка меѓу „Брд Полар“, Центарот за истражување на климата и Институтот за истражување на тибетската висорамнина на Кинеската академија на науките.
Оваа студија беше финансирана од Американската национална научна фондација и Кинеската академија на науките.