28 новозарезени и еден нов смртен случај од коронавирус во Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во изминатите 24 часа статистичките податоци за состојбата со коронавирусот во Македонија според Министерството за здравство велат дека се евидентирани 28 нови позитивни случаи на Ковид-19 од вкупно направени 660 тестови.

Од заразените 11 се од Скопје, 9 од Прилеп, Куманово -2, Тетово -2, Велес -3 и Валандово -1.

Со ова вкупниот број на заболени во земјава се искачи на 1.259 лица.

Во изминативе 24 часа, во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Скопје, на возраст од 51 година, кај кој бил дијагностициран вирусот и бил примен во тешка состојба. Со ова вкупниот број починати во земјава достигна 56.