28 клубови заинтересирани за ѕвездата на Порто


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Порто е познат како клуб каде се етаблираат голем број на таленти, кои за големи пари ги засилуваат европските гиганти. Нова ѕвезда на тимот од „Драгао“ е напаѓачот Андре Силва.

20-годишниот Андре Силва игра одлично оваа сезона и веќе постигна 10 гола на 16 натпревари во сите натпреварувања, па го привлече вниманието на голем број клубови ширум Европа.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека на последниот натпревар помеѓу Порто и Бриж во Лигата на шампиони, Андре Силва го следеле скаути на 28 клубови ширум Европа. И имале што да видат, Порто победи токму со голот на младиот напаѓач.

Меѓу клубовите кои го следат Португалецот се и Барселона, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед, Јувентус, Милан, Борусија Дортмунд, Челзи, Интер…

Се очекува следното лето Андре Силва да биде ѕвезда на трансфер пазарот, но познато е дека Порто скапо ги продава своите ѕвезди, а вреди да се напомене дека негов менаџер е супер-агентот Жорге Мендеш.