Advertisements
Актуелно

28,89 отсто излезност на претседателските избори до 15 часот – најмасовно се гласа во Прилеп

Според официјалните информации кои ги изнесе за јавноста првиот човек на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, до 15 часот излезноста на гласачите во целата држава е 28,89 проценти.

Гласањето минува во фер и демократска атмосдфера , освен осумте приговори за кои ќе решаВА Државната изборна комисија. Најголемн е одѕивот на гласачите во Крива Паланка , каде до 15 часот гласале 47,22 проценти ,а најмал во Центар Жупа со 9,77 проценти.

Во Центар излезноста изнесува 38,65 проценти , што е најголема излезнос во скопските оппштини , а најмала е излезноста во Чаир со 17,2 проценти.

Во Македонски Брод гласале 42,2 проценти , во Охрид 36,77 , во Прилеп 43,55 , а во Радовиш 22, 89 проценти соопшти Деркоски.

Advertisements
To Top