Advertisements
Актуелно

27 роденден на Првата детска амбасада во светот – МЕЃАШИ

Денес Првата детска амбасада во светот – МЕЃАШИ слави 27 години од нејзиното формирање, па во продолжение ви прикажуваме преглед на најзначајни активности и резултати во досегашниот период од нејзиното постоење:

1992-1997 година. Веднаш по започнувањето на кризата во Босна и Херцеговина, Првата детската амбасада даде апел за поддршка и организираше прифаќање на децата бегалци, дестинации во странски земји, хуманитарна помош и креативни активности со што им помогна на шеесет илјади деца бегалци згижени во Македонија;

1993 г. Амбасадата го отвори првиот дежурен СОС телефон за деца и млади и психолошко советувалиште во Република Македонија.

1993 г. ја објави книгата Правата на детето, прва од таков вид во Република Македонија;

1993-2006 г. Детски работилници, креативно користење на слободното време

1994- г. започна со лобирање за ратификување на Хашката Конвенција за граѓанско-правните аспекти на меѓународни грабнувања на деца. Во 1995 г. оваа Конвенција беше ратификувана од Собранието на Република Македонија;

1996 г. започна со лобирање за воведување на институцијата Детски омбудсман. Во 1999 г. Република Македонија воспостави Народен правобранител лице надлежно за правата на детето;

1997 г. Амбасадата Меѓаши пристапи како придружна членка на Defence for Children International и оформи Комитет на DCI во Македонија. Во 1999 г. овој Комитет се регистрира како посебна НВО за правата на детето – Здружение за заштита на правата на детето;

1997-2002 г. Амбасадата формираше Македонска национална коалиција за правата на детето со секретаријат во Амбасадата Меѓаши; Оваа коалиција доставува и алтернативен извештај за состојбата со правата на детето во Комитетот за правата на детето во Женева;

1999- г. како национален координатор се придружи на семејството Global March Against Child Labour, одржуваjќи акција за подигање на јавната свест против експлоатација на детскиот труд и вклучување на сите деца во образование.

1999-2000 г. Амбасадата Меѓаши им даде поддршка на децата бегалци од Косово, пружајќи им заштита на психосоцијален план; Беа опфатени сите кампови во Македонија каде што беа згрижени децата бегалци од Косово.

2000-2001 г. кампања за ратификација на Конвенцијата 182 и Препораката 190 за итно елиминирање на најлошите форми на детски труд. Во 2002 г. Собранието на Република Македонија ги ратификува истите;

2001- 2006 г. отворено е Прифатилиште за деца во кризна состојба, во кое се згрижени 16 раселени лица од с. Арачиново, од кои 8 се деца. Три од нив се родија во прифатилиштето.

2001 г. Амбасадата Меѓаши ја добива наградата за граѓанско општество и демократија, за долгогодишен придонес во изградбата на граѓанското општество во Република Македонија. Наградата е доделена од страна на МЦМС;

2001-2004 г. Амбасада го оформи Сојузот на детски организации на Република Македонија и го креира и објави првиот КОДЕКС на НВОи за правата на детето кај нас.

2001-2002 г. Амбасадата покрена иницијатива за измена на даночните закони што се однесуваат на непрофитните организации популарно наречен 1%;

2002-2004 г. за унапредување на волонтеризмот во Република Македонија, Амбасадата Меѓаши работеше преку Програмата Македонска волонтерска акција (МВА);

2002-2006 г. започна програмата за ненaсилна разработка на конфликти во средните мултиетнички училишта во Република Македонија;

2003 г. Амбасадата во соработка со Centro Regionale di Intervento per la Cooperacione (CRIC) од Италија реализираа проект „Акција за граѓанство преку
театар“ во кои беа вклучени 60 деца од 3 мултиетнички училишта како и нивните родители;

2003 г. Амбасадата започна со креирање Работилници за детски права во мултиетнички основни училишта а подобрување на разбирањето помеѓу децата кои потекнуваат од различни етнички средини.Опфативме 15 групи деца во 15 мултиетнички основни училишта во Скопје и околината,.

2004 г. во соработка со Х.A. EСE во период од јуни до септември, подготви 53 предлог амандмани за измена и дополнување на законот за семејство и забелешки по предлог законот за социјална и детска заштита;

2004 г Амбасадата Меѓаши заедно со неколку членки на Граѓанската платформа на Македонија одлучија доброволно да ги објават годишните извештаи, вклучувајќи ги финансиските извештаи и независните ревизорски мислења.

2004 г Амбасадата ја издаде кннигата “Заштита на правата на децата” како преглед на состојбата на децата во Република Македонија .

2005 г. реализирана е светската кампања за вклучување на децата во училиште „Global Campaign for Education”, со мотото Да ги вклучиме децата во училиште – Што може јас да сторам?

2005 г. Ја реализиравме активноста за намалување на конфликтите меѓу средношколците низ обука на наставниците и учениците за ненасилна разработка на конфликти.

2005 г. На 09.11.2005 година-меѓународнот ден против фашизмот и антисемитизмот, организиравме акција на бришење графити “Да го симнеме насилството од ѕидовите”. Графитите: ”Стоп на насилството”, “Сакај за да бидеш сакан”, “Мир” ги заменија насилните пораки испишани на ѕидовите. Цел на оваа акција беше, во јавноста да се промовираат вредности на траен мир, солидарност, ненасилство и почитување на правата на сите луѓе што живеат во Република Мекдонија.

2006 Амбасадата комплетно опреми еден стан со мебел и друга покуќнина која е идно живеалиште на четирите младинки

2007 Амбасадата ја започна годината со кампањата “Стоп на насилството на децата“ и “Дали денес го гушнавте вашето дете“. Ова беше реакција на последните претепувања до смрт над 3 годишно и шестмесечно дете.

2007 Акција за вклучување на сите деца во образованието со мото Придружете се!! Право на образование сега!!! Вклучени над 50 училишта, општини во активностите. Прием на делегација на децата членови на амбасадата кај претседателот на Република Македонија г. Бранко Црвенковски и потпретседателот на Собрание на Република Македонија г. Иван Анастасовски. Акцијата на денот на централната манифестација која се оддржа на плоштадот Македонија ја поддржа и претседателот на Владата на Република Македонија г.Никола Груевски. Амбасадата Меѓаши доби и писмени гаранции од г. Бранко Црвенковски, г.Никола Груевски, г. Иван Анастасовски и г. Перо Стојановски државен советник во Министерството за образование и наука на Република Македонија дека ке се залагаат да се оствари правото на секое дете да оди на училиште.

2008 Една од најтешките злоупотреби и трауми на децата е сексуалната. Како резултат на зголемениот број на случаи на педофилија и инцест во Македонија Првата детска амбасада во 2008 го подигна прагот на нетолерантност кон силувачите, го подигнаа јавното мислење за последиците кои децата ги трпат и побара зголемување на казните за сторителите на ова тешко кривично дело вклучувајќи ја и казната доживотен затвор. Истата година Собранието на Република Македонија го усвои новиот Кривичен закон каде според член 188 е предвидена и казната доживотен затвор.

2008 ја започна борабата против педофилија, родосквернавење и сексуално злоставување на децата во Македонија. Упати бројни рекации, барања за одговорност и писмени претставки до Народниот правобранител, Јавниот обвинител за непочитување и кршење на правата на децата. Ја започна иницијативата за зголемување на казните за овие кривични дела (педофилија, родосквернавење и сексуално злоставување на деца) на минимум 15 години затвор до доживотен затвор. Напорите на застапување и лобирање за построго казнување на педофилите беа прифатени од Министерството за правда на Република Македонија и казните за сексуално злоставување на деца од страна на педофилите беа зголемени на минимум 10 години затвор.

2008 Амбасадата Меѓаши и Фондацијата Метаморфозис го реализираа проектот за ‘‘Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет”- CRISP (www.crisp.org.mk илиwww.bezbednonainternet.org.mk), со задача да ги едуцираат пред сe децата, потоа родителите и наставниците за начините како децата да бидат заштитени и безбедни на интернет.

2008 Во рамките на проектот „ Детето е сведок кој бара посебна грижа„ отпечатена е книгата „Одам на суд„.Книгата е напишана за помали деца на возраст од 5 до 11 години кои ќе даваат изјава како сведоци во Кривичниот суд. Наменета е за деца на кои им е нанесено зло или врз кои е направено злосторство или тие биле сведоци на злосторства.

2009 Отсуство на механизми на слушање на гласот на децата на национално ниво се дел од причините зошто детски глтас не се слуша, зошто децата активно не се вклучени во создавање и креирање промени. Градењето култура на детско учество претставува важен чекор кон постигнување на оваа цел. Детската амбасада со своите активности им овозможува на децата да учествуваат во креирањето на општествените прашања од различни области, а се однесуваат на правата на детето. За таа цел се организирани тренинзи, работилници, летни кампови и други форми на охрабрување на децата и младите за активно учество во донесувањето одлуки кои се од нивен интерес.

2009 Првата детска амбасада во светот трета година по ред ја организираше кампањата за одговорно родителство, но, овој пат со слоганот ‘‘Дали денес разговаравте со вашето дете„. Оваа кампања е продолжение на кампањата “Дали денес го гушнавте вашето дете” и „Дали денес му кажавте на вашето дете колку го сакате?‘‘ кои Првата детската амбасада во светот Меѓаши ги спроведуваше на почетокот на 2007 и 2008 година

2009 Првата детска амбасада во светот по повод Светската кампања за образование на 22 април на Плоштадот заедно со децата МАРШИРАА со транспаренти со испишани пораки за правото на сите деца на образование и писменост. Мирно маршираа во знак на солидарност со сите деца на светот кои не одат на училиште и кои не знаат да читаат и пишуваат. Во светот има 774 милиони возрасни и 75 милиони деца кои не знаат да читаат и пишуваат. Во Македонија има над 18.500 деца кои не одат на училиште, од кои 2000 деца се на улица. Во Македонија 200.000 возрасни немаат завршено основно образование. 50 деца остварија средба во Собранието на Република Македонија со г-дин Сафет Незири,

Претседателот на Собраниската комисија за образование, наука и спорт. Децата разговараа и поставуваа прашања во врска со образованието и за тоа што тој може да направи за децата кои не одат на училиште. Исто така децата побараа од Претседателот на Собраниската комисија да ја потпише писмената гаранција дека во текот на својот мандат ќе се залага да се оствари правото на секое дете да оди на училиште. Децата остварија средба и со г-дин Перо Стојановски министерот за образование и наука. На оваа средба децата имаа можност да поразговараат со Министерот за значајноста на образованието, како и да му поставуваат прашања за тоа што тој како Министер може да направи и ќе направи за сите деца кои не одат на училиште. Децата побараа од Министерот да објасни што тој до сега има направено во однос на залагањата за кои веќе ја има потпишано гаранцијата да се оствари правото на секое дете да оди на училиште

2010 Детската амбасада Меѓаши иницираше и организираше подготовка на Детски алтернативен извештај во соработка со деца членови на 7 локални партнерски организации. Во истиот извештај децата ги изразија своите мислења и ставови по низа прашања: колку се запознаени со нивните права и Конвенцијата, колку се почитува нивното мислење, за насилството помеѓу нив, дискриминацијата, колку се запознаени со институциите кои ги штитат децата, каков им е квалитетот на животот, и на крај дадоа препораки за подобрување на состојбата на децата во Република Македонија. Ова е за првпат во Република Македонија деца да подготват нивен извештај и истиот да го застапуваат пред Комитетот за правата на детето при Организацијата на Обединетите нации. Многу малку држави досега во светот биле претставувани пред Комитетот со алтернативен извештај за состојбата со праватa на детето подготвен од деца. Истата година, Детската амбасада Меѓаши организираше и подготовка на алтернативен извештај од страна на Македонската национална коалиција за правата на детето која е формирана од страна на Меѓаши во 1997 година. Во подготовката на тој извештај учествуваа 21 граѓанска организација. И детскиот извештај и оној од граѓанските организации беа оценети како сеопфатни од страна на Комитетот за правата на детето.

2010 На 3ти Фебруари 2010 година, на 54-та предсесија на Комитетот за правата на децата при ОН во Женева, тројца претставници од Македонската национална коалиција за правата на децата (23 граѓански организации) ги презентираа следните Алтернативни извештаи за состојбата со правата на децата во Македонија пред 9 члена на Комитетот.
•Алтернативен извештај на НВОи кон вториот периодичен државен извештај по Конвенцијата за правата на детето во РМ
•Алтернативен извештај на НВОи кон државниот иницијален извештај на РМ по Факултативниот протокол кон Конвенцијата за правата на детето за трговија на деца, детска проституција и детска порнографија
•Алтернативен извештај на НВОи кон државниот иницијален извештај на РМ по Факултативниот протокол кон Конвенцијата за правата на детето за инволвираност на деца во вооружени конфликти
Две деца претставници имаа посебен состанок со членовите на Комитетот на кој го претставија нивниот Детски алтернативен извештај – изработен од самите деца.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши организираше Прва национална конференција за детско учество на 16 Март 2010 година во Младинскиот културен центар, кино Фросина. Конференцијата беше дел од проектот Градење култура на детско учество, финансиран од Европската Унија, а кофинансиран од УНИЦЕФ. Конференцијата беше организирана и водена од самите деца.
На конференцијата збор имаше М-р Драги Змијанац, Претседател и основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Свое обраќање до публиката имаа и Неговата Екселенција г-н Ерван Фуере, амбасадор на Европската Унија, г-н Шелдон Јет, шеф на мисијата на УНИЦЕФ во Република Македонија, г-ѓа Невена Крушаровска, Заменик Народен правобранител, г-ѓа Елена Лазовска, претставник од Министерството за труд и социјална политика, г-ѓа Наде Стојменова, претставник од Министерството за образование и наука и г-ѓа Кети Јандријеска Јованова од Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Македонија.
2011 Во својата суштина Детската амбасада Меѓаши од самиот почеток и со самата нејзина поставеност е всушност мировна организација за заштита на децата и нивните права. Тоа е евидентно преку нејзините основни документи, повелбата и програмските задачи поставени пред самото формирање на организацијата како и преку спроведуваните активности од почетокот до денес.
Започнавме со поддршка на децата погодени во војните на балканскиве простори, за да продолжиме со активности за градење на мирот и промоција на Мирот и Ненасилството како основни вредности во воспитно-образовниот систем. Организираме оформување мировни клубови во училиштата и обезбедуваме обуки за педагошкиот кадар и за учениците. Пробуваме мировниот активизам да го спроведуваме на дело, сите заедно, преку најразлични активности, како и со употреба на техники за креативна разработка на конфликти . Нашата цел е да укажеме на потребата од вградување на Мировното образование во наставните програми. Некои од тие содржини се веќе вметнати но само информативно. Она што недостасува е целосното вградување на Мировното образование во наставните програми, искуствено и вредносно определено, вклучувајќи ја и личната одговорност. Се надеваме дека ќе успееме во тоа.

2011 Во истражувањето наменето за “Довербата во граѓанското општество“ и „Познавањето и мислењата за граѓанските организации“ Првата детска амбасада во светот според анкетираните граѓани е на следните позиции:.
(1) прво место во однос на доверба или позитивни наспроти негативни ставови за органзиацијата. За Првата детска амбасада во светот Меѓаши имаат позитивно мислење 53,6%, граѓани при што односот позитивно/негативно мислење е 20.3 спрема 1
(2) второ место како пример на најуспешна организација
(2) второ место на граѓани кои знаат за Првата детска амбасада во светот Меѓаши 56,2%. Додека 81,4%, од граѓаните во Република Македонија слушнале за МЕЃАШИ
Во одредени потсектори е препознаен како:
(2) МЕЃАШИ е на второ место во секторот Демократија и човекови права.
( 4) четврто место во секторот организација во Развој (јакнење)на граѓанско општество

2012, Кога ќе кажеш дека си дете од дом, не ти даваат можност да се покажеш во која било работа, не ти даваат да одиш напред, оти немаат доверба, оти мислат дека децата се криминалци, децата се вакви-такви. А има деца што завршуваат за полицајци и сега се инспектори, значи големи луѓе што станале, кои покажале дека можат да бидат и они луѓе како секој граѓанин.“

Ова е изјава на И.Ј. еден од младинците кој ја напушти установата за згрижување на деца и младинци без родители и родителска грижа на 18 годишна возраст, а е вклучен во активностите спроведувани од страна на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши во изминатите години.
Проблемите со кои се соочуваат младинците по напуштањето на установите за згрижување на деца и младинци без родители и родителска грижа се дополнителен мотив за Првата детска амбасада во светот – Меѓаши неколку години наназад да иницира активности во насока на поддршка во решавањето на овие проблеми. И оваа година, активностите за психосоцијална и едукативна поддршка на децата без родители, продолжија. Но не само тоа, правиме и напори да ги потикнеме социјално одговорните компании во Македонија да ги вработуваат и да им даваат предност, а ако тоа не е можно барем да овозможат еднакви можности при вработувањето, да не се дискриминирани како што тоа е случај досега.

2013. ПРВО МЕСТО ЗА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО ОДНОС НА ДОВЕРБА ВО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА
Првата детска амбасада во светот Меѓаши е рангирана на прво место по односот на позитивнo мислење за граѓанските организацииГраѓаните имаат позитивно мислење за граѓанските организацииПрвата детска амбасада во светот Меѓаши е рангирана на прво место по односот на позитивно/негативно мислење како и во претходните истражувања (2007, 2008,2010), односно кај оваа организација најмногу преовладувало позитивното мислење
Оваа година извештајот е нарачан од страна на проектот „Техничка поддршка за граѓанските организации (ТАКСО)“, финансиран од Европската Унија (ЕУ), а е подготвен од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). МЦМС и Македонската канцеларија на ТАКСО му ја доверија анкетата на јавното мислење, врз којашто се базира овој извештај, на М-проспект, чија одговорност беше и методолошката исправност на анкетата

2014. Силното застапување, залагање и лобирање на Првата детска амбасада Меѓаши за постого санкционирање на сексуалните злосторници, родосвернувачи, педофили, посебно кон деца под 14 години вродија со плод, Собранието на република Македонија ги прифати и вгради нашите препораки со измените и дополните во Кривичниот законик. Она што се залагавме беше прифатено, медикаментна терапија или хемиска кастрација, минимум 15 години до доживотна казна затвор.

2014 ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ Е ПРВАТА ГРАЃАНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА КОЈА ГО ДОБИ СЕРТИФИКАТОТ ISO 9001:2008 ЗА СИСТЕМ ЗА КВАЛИТЕТ НА МЕНАЏМНЕТ. Со овој станандард се потврдува дека системот за управување со квалитетот кој го воспоставила и го применува Прва детска амбасада во светот Меѓаши-Република Македонија ги задоволува критериумите за систем за квалитет.

2015 Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ поддржа повеќе граѓански иницијативи: среношколскиот пленум , група на Здруженија за поддршка на деца и возрасни со здравствени проблеми и ПОДДРШКА НА ГРАЃАНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА НА ГРУПА РОДИТЕЛИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА 50/50 ПОДЕЛЕНО, ПОДЕДНАКВО, ЗАЕДНИЧКО ИЛИ СПОДЕЛЕНО СТАРАТЕЛСТВО И ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ НА ДВАТА РОДИТЕЛА ЗА ПРАВИЛЕН РАСТ И РАЗВОЈ НА ДЕЦАТА ПОСЛЕ РАЗВОЈ

2016 – 7 Август 2016 година, ден после поплавите во с.Стајковци, Скопје шокрани од фактот дека помеѓу жртвите имаше и деца, Првата детска амбасада во светот Меѓаши упати апел во кој информираше дека сите свои активности ги пренасиочува за помош и поддржка за децата погодени од поплавите. Во основното училиште Кирил и Методиј во с. Стајковци Детската амбадаса Меѓаши и Универзитетската клиника за дерматологија отворија пункт каде за децата се обавуваа прегледи и медицинска заштита.
Во септември истата година Меѓаши започна кампања за подигање на свеста за значењето на Мировното образование. За таа цел низ цела Македонија беа поставени билборди со слоганот „Мирот е секој чекор“ на шест локални јазици.

2017 Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ ја поддржа иницијативата „Посвоените деца имаат право да знаат кои им се биолошки родители“. Ставот на Детската амбасада е дека детето треба да ги знае своите родители, кое впрочем и е предвидено во Член 7 од конвенцијата за правата на детето.
Во февруари 2017 година Детската амбасада Меѓаши заедно со Легис почнаа кампања „Македонија со љубов за Алепо“. Целта на кампањата беше поддржка и подигање на јавната свест, особено кај помладата генерација за состојбата во која се наоѓат нивните врсници, со цел истакнување на потребата со солидарност и помош на лушето кои страдаат од војна.

Во 2017 година Првата детска амбасада во светот Меѓаши загрижена од енормното загадување во Скопје и последиците кои произлегуват од истото почна да ја алармира ситуацијата во која се наоѓаме и дека тоа го загрозува основното право на детето – правото на живот.

2018 – Во февруари 2018 Првата детска амбасада во светот Меѓаши заедно со Arigatou International одржаа конференција на тема „ Мобилизирање на верските заедници за крај на детска сиромаштија и насилство врз деца“
Првата детска амбасада во светот Меѓаши започна кампања против врсничкото насилство со мотото „И зборовите повредуваат“. Билборди со овој слоган беа поставени во повеќе градови во државата. Свесноста дека постои насилство и неговото препознавање е само прв чекор во справувањето со овој проблем. Детска амбасада Меѓаши сака долгорочни и адекватни стратегии кои градат училишта (и општество) нетолерантни на насилство.

2019 – 27 март 2019 година ДЕТСКАТА АМБАСАДА МЕЃАШИ ГО ПРОМОВИРАШЕ ПРИРАЧНИКОТ ПОЗИТИВНО РОДИТЕЛСТВО
Во прирачникот ги акцентиравме клучните аспекти на тоа што значи позитивно и одговорно родителство.
27 март 2019- Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ го промовираше зборникот „Кон мировното образование“, што има за цел придонесување кон зголемување на знаењата за Програма за мировно образование.

Advertisements
To Top