27 отсто поевтини цени за роаминг меѓу земјите од Западен Балкан


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Од денес цените за роаминг услугите меѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ се намалуваат за 27 отсто, а од јули 2021 година ќе бидат целосно укинати.

Динамиката на намалувањето на цените е согласно со Договорот потпишан на Вториот дигитален самит за Западен Балкан, како предуслов за почнување на постапката за укинување на роамингот кон Европската унија.

Според податоците на АЕК, во последните 12 месеци, 18 проценти од населението од државава користело роаминг – најчесто за испраќање на СМС пораки –78 проценти и за разговори 54,8 проценти, додека интернет во роаминг користеле само 18 проценти од корисниците на роаминг..

Се преговара и за намалување на цената на роамингот и со Грција.