Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
27 јануари е меѓународен ден на сеќавање на трагедијата на холокаустот што се случи за време на Втората светска војна. Тоа е ден за спомен на геноцидот што резултираше со смрт на милиони луѓе од страна на нацистичкиот режим и неговите соработници.
Тоа беше крајот на еден од најлошите ужаси во историјата на човештвото, при што беа убиени повеќе од милион луѓе, најмногу Евреи.
Германскиот канцелар Олаф Шолц, како што пишуваат германските медиуми, потсети на историската одговорност на Германија за убиството на милиони Евреи за време на нацистичкиот режим, а на својот твитер профил напиша:
„Не се заборавени страдањата на шест милиони убиени невини Евреи, ниту страдањата на преживеаните.“ – напиша Шолц денеска на Твитер по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот.
Маја Суша од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, од Одделот за образование и проучување на холокаустот посочи на важноста да не се заборави на овој дне и неговото значење но и на бројот на жртвите.
На човештвото му требаат децении за да препознае дека Холокаустот мора да се споменува посочи универзитетската професорка, Иванка Василевска.
Само со постојана борба против сите облици на дискриминација можеме да обезбедиме почитување на различностите и на човековите права и слободи на секој поединец, порача Пенадаровски денеска по повод Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот – 27 јануари.
„Милионите жртви и ужасот од Холокаустот нè потсетуваат на нашата заедничка историска одговорност да градиме демократски општества во кои антисемитизмот, антициганизмот и расизмот никогаш нема да се повторат.“- напиша Пендаровски.
Аушвиц всушност бил дел од комплекс логори изграден од нацистите во окупираната Полска со намера да ги истребат сите Евреи во Европа. Тоа била една од фикс-идеите на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, која се провлекуваше низ сите негови злосторства.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, на денот на ослободувањето на логорот на смртта Аушвиц, рече: „Ветуваме дека тоа никогаш повеќе нема да му се повтори на нашиот народ”.