Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
27-годишна пациентка од Куманово, која се породила на скопската Клиника за гинекологија е позитивна на коронавирусот, изјави директорката на клиниката Викторија Јовановска, а пренесува „Фокус“.
„Пациентката е синоќа предвреме породена во осми месец и сега чекаме да биде префрлена на Клиника за инфективни болести. Таа само поткашлуваше. Бебето е на интензивна нега и е стабилно. Има уште една пациентка од Охрид, но таа се уште е во сала и нема клиничка слика на Ковид-19. Таа е донесена со мртво бебе“ изјави Јовановска.
Според неа, за пациентката од Куманово се запазени сите протоколи и е спроведена преку посебен влез, односно изолирана е од другите пациентки. Приземјето е направено како карантинско одделение со посебен персонал, каде се носат сомнителните случаи на корона вирус.