256 км/час за импресивни 36 секунди – тоа го може овој ѕвер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога станува збор за мастодоните на асфалтот во светот на луксузните и брзи автомобили, Mercedes CLS 450 е вистински ѕвер во својата класа.

Големите и луксузни седани повеќе не се наменети само за возење во бавната лента, а тоа најдобро го докажува токму Mercedes Benz CLS 450, чија максимална брзина од 256 км/ч е завидна дури и за некои автомобили од спортскиот сегмент.

Со 3,0-литарскиот мотор со турбополнач кој испорачува 362 коњски сили и 500 Nm вртежен момент, Mercedes CLS 450 е вистинско чудовиште на асфалтот. Овој автомобил забрзува од 0 до 100 км/ч за помалку од 5 секунди, а ја достигнува максималната брзина од 256 км/ч за само 34 секунди.