25-те ѕверски дриблинзи на Диего Армандо Марадона (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Живееме во една нова ера на фудбалот, кога спортот се изедначи и претопи со (шоу)бизнисот, па успехот на теренот е само еден дел од целокупната приказна за славата.

Но, во едно не така далечно време, на зелениот „тепих“ се случуваше вистинска фудбалска магија, која почнуваше и завршуваше токму таму – на теренот. А импресиите и воодушевувањата ги „тресеа“ обожавателите и навивачите и после завршувањето на дуелите.

25-те ѕверски дриблерски мајстории на, според многумина, најдобриот фудбалер кој заиграл со „буба-марата“ – неповторливиот Диего Армандо Марадона, во неговите најдобри и најславни фудбалски денови, ќе не потсетат на тие незаборавни времиња.