25-годишен прилепчанец утрово пронајден мртов во центарот на Прилеп


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


25-годишниот С.И. од Прилеп утрово бил пронајден мртов на клупа во центарот на Прилеп.

Според прилепското Јавно обвинителство, на телото на починатиот немало траги на насилство. Телото било однесено на обдукција по што ќе се знаат причините за смртта.

„Починатиот бил пронајден во 6.15 часот, легнат до клупа во малиот парк зад музејот „11 Октомври“- Участакот. Нема траги на насилство, а на телотпо на починатиот ќе се изврши одбукција“, вели Мимоза Мрмеска, заменик јавен обвинител од ОЈО Прилеп.

Полицијата извршила увид откако кај нив било пријавено од службата за итна медицинска помош.