Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Протерувањето на рускиот дипломат не било последица само на солидаризација за случајот „Скрипал“ туку и поради негова наводна вмешаност во активности на руското разузнавање кои целеле кон инсталирањето руски агенти во високите ешалони на дел од извршната власт, дознава и пренесува телевизија 24 од високи извори во македонската полиција.
Институциите не споделуваат информации дали руското разузнавање имало успех во агендата, но документ од Мрежата за известување за организиран криминал и корупција објавен во петтата епизода на емисијата Проверено кој потекнува од македонското контраразузнaвање посочи дека тие уште пред повеќе од две години следеле активности чии намери биле токму тоа – пенетрирање во македонските институции.
„Во текот на изминатите години беа регистрирани и попречени активности насочени кон остварување на разузнавачки продор во значајни државни органи на РМ/ МНР и ДКП, Собрание, а регистриран е особен интерес за Кабинетот на претседателот на државата“, пишуваше во анализата на ДБК.
Македонското МНР вчера одлучи да протера руски дипломат како чин на солидарност за случајот Скрипал во координирана акција со 14 земји партнери.
„Денес ги известивме руските власти за нашата одлука да протераме еден руски дипломат, во тесна консултација со нашите партнери и сојузници, во целосна солидарност со Велика Британија, како и за да ги заштитиме сопствените безбедносни интереси на Македонија“, напиша вчера на Твитер македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров.
На ова реагираше руската амбасада и на Твитер профилот објави дека македонската страна ќе ги носи последиците од протерувањето на рускиот дипломат.
„Владата донесе одлука да протера руски дипломат. Целосна одговорност за последиците од оваа провокација и исклучително непријателски чин без преседан во руско-македонските односи ќе ја носи македонската страна“, објави руската амбасада на Твитер.
Извор: 24Вести