Home Актуелно 24-годишно момче од Крива Паланка почина како последица од Ковид-19

24-годишно момче од Крива Паланка почина како последица од Ковид-19

Според неофицијални информации на кои се повикува и ги пренесува Фокус, 24-годишно момче од Крива Паланка починало од Ковид 19 на скопската Клиника за инфективни болести.

Според нивните информации, момчето пред десетина дена правело свадба, но никој не кажува како и од каде се заразило.

Од министерство за здравство ги потврдиле информациите на „Фокус“ дека денеска на Инфективната клиника починало 24-годишното момче.

„Точно е дека момчето починало на Клиниката за инфективни болести. Не бил вакциниран. Тоа ќе биде објавено во утрешниот извештај на министерството за здравство. Момчето имало прекумерна телесна тежина – истакнаа од ресорното министерство.

Тоа што е најстрашно во целата приказна, е што во последниот период се повеќе млади луѓе се на удар на Ковид 19. Пред само два дена на Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 15-годишно девојче од тетовското село Селце.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…