СДСМ ги дефинираше кандидатските листи за претстојните избори – еве како изгледаат тие


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија на вчерашниот Конгрес кој го одржа зад затворени врати, ги дефинираше листите со кандидатски имиња за претстојните предвремени парламентарни избори.

Така во ИЕ 1, ќе бидат Никола Димитров и Мила Царовска. Во ИЕ 2, Оливер Спасовски влегува заедно со Сања Лукаревска. Во ИЕ 3, носител ќе биде Љупчо Николовски заедно со Јагода Шахпаска. Во 4 ИЕ, носител е претседателот на владејачката партија СДСМ – Зоран Заев заедно со Соња Мираковска. Во ИЕ 5 ќе бидат Радмила Шеќеринска и Јован Митревски, а во ИЕ 6, се Билал Касами и Фаница Николовска.

Дамјан Манчевски е трет на листата на СДСМ во ИЕ 1, а на листата се најдоа и Мери Георгиевска, Даниела Николова и Дарко Каевски.

Мухамед Зекири се најде трет на листата во ИЕ 2, па Славјанка Петровска и Санела Шкријељ. Во третата изборна единица на листата е Сашо Николов, Ненад Коциќ, Марија Ангелова, Зекир Рамчиловиќ, Емилија Рамбабова.

Во ИЕ 4, на листата избрани се Миле Талески, Даниела Колева, Панчо Минов и Лолита Роистова. Во ИЕ 5 на листата се Бисера Костадинова, Лазе Танески, Един Јакуповиќ. Изборната единица 6 е наменета за коалиционите партнер