23-годишно момче пронајдено мртво во скопска фирма


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Скопската Итна медицинска помош, вчера во 12:30 часот пријавила до Секторот за внатрешни работи Скопје дека во фирма што се наоѓа на булеварот „Србија“ било пронајдено починато лице.

Како што информираат од МВР станува збор за 23-годишниот Д.С. од Скопје.

„Екипата на Итната медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство и за настанот го известиле Трудовиот инспекторат“, информираат од МВР.

Од таму додаваат дека по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.