23 часа на ден во самица: Еве каде озлогласенот Ел Чапо ќе одлежува затвор


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Моментално најмоќниот и највлијателен мексикански нарко-бос Хоакинг Гузман, попознат како Ел Чапо, со судска пресуда беше прогласен за виновен по 10 точки од обвинението против него за трговија со дрога.

Иако официјално судската пресуда ќе биде соопштена во јуни, претпоставките се дека озлогласенот нарко-бос остатокот од својот живот ќе го мине зад затворските решетки.

61-годишниот Ел Чапо својата затворска казна најверојатно ќе ја отслужува во озлогласениот затвор „ADX Florence” во Колорадо. Овој затвор е познат по тоа што никој досега не успеал да избега од него.

Затворски „цимери“ на Ел Чапо ќе бидат многу сурови криминалци, како бомбаши и терористи. На пример, таму е Џохар Царнаев, кој со експлозив убил три и ранил 280 луѓе на Бостонскиот маратон, Абу Хамза, радикален исламист кој наместо рака има кука и Тед Качински кој сеел страв ширум Америка кога праќал писма-бомби.

Условите во затворот се многу тешки. Затворениците минуваат 23 часа во самици со димензии 2×3,6 метри. Малиот прозор овозможува само поглед во небото, па затворениците не знаат во кој дел од затворот се наоѓаат. Секоја ќелија има бетонски кревет, масичка и полица.

„Затворениците во Гвантанамо имаат подобар третман од нас тука”, гласи изјавата на еден затвореник од ADX Florence.