Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес во просториите на Националната универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, ќе се одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право по УНЕСКО.
Пред присутните е најавено обраќање на министерот за култура Роберт Алаѓозовски, шпанскиот амбасадор Емилио Лоренсо Сера, а ќе биде прочитана и пораката на генералниот директор на УНЕСКО Одре Азуле.
Во пораката Алаѓозовски ја потенцира дека книгата е врска меѓу минатото и иднината.
Потсетува дека годинава Атина е именувана за светска престолнина на книгата.
– Ја изразуваме нашата почит кон творештвото и литературна традиција што ги постави темелите на светската книжевност. Наша недвосмислена желба е да ја прославуваме книгата заедно, со нашите соседи и со целото човештво, токму во духот на мисијата што таа ја носи како градител на мостови на разбирање и дијалог за создавање на заеднички вредности и подобра заедничка иднина, истакнува министерот за култура во својата порака.
Потоа е планиран миниконцерт на студентите од фалуктетот за музичка уметност во класата на професор Дарко Багески.
Ќе се одржи и мини саем на книги со мини цени од издавачите, под мотото „Со стара хартија, до нова книга“.