226 богаташи во светот го загубија статусот милијардери поради коронавирусот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако голем дел од светските богаташи забележаа огромни загуби заради глобалната епидемија на коронавирусот, очигледно оние, најбогатите, немаат мака и гајле и од оваа вонредна планетарна ситуација.

Tрета година по ред милијардерот Џеф Безос е прв на листата на најбогатите луѓе во светот, според „Форбс“. Сепак, во првата половина на март, 226 луѓе го загубија статусот милијардер како резултат на кризата што ја предизвика коронавирусот.

Пандемијата го промени списокот на милијардери на „Форбс“, односно многумина од нив веќе не се на оваа листа.

Безос остана на врвот на листата благодарение на својата нето вредност од 113 милијарди долари, иако е намалена за 18 милијарди долари од минатата година.

Најголемата причина за падот е неговиот развод од сопругата Мекензи Безос. Акциите на Амазон, сепак, се зголемија за 15 проценти од минатата година, што му помогна да ја компензира загубата поради разводот.

Во исто време, неговата поранешна сопруга Мекензи Безос се најде на списокот на милијардери, благодарение на спогодбата за разводот и таа има 38 милијарди американски долари.

Како дел од спогодбата, таа доби 25% од акциите на „Амазон“ и се најде на 22-то место на списокот на „Форбс“.

Од останатите милијардери, 51 процент од сите се посиромашни од лани.

Целокупното богатство на светските милијардери вреди околу 8 трилјарди долари, што е намалување од 700 милијарди долари од 2019 година, според „Форбс“.

Ко-основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс се најде на второто место на листата на светските милијардери со богатство од 98 милијарди долари, што е за 1,5 милијарди долари повеќе од минатата година.

Најбогатата жена во светот и понатаму е наследничката на Волмарт, Алис Волтон, со 54,4 милијарди долари.

Најновиот список на Форбс вклучува 2.095 милијардери.