Home Актуелно 22-годишно момче се удави во базен во Битола

22-годишно момче се удави во базен во Битола

22-годишно момче, државјанин на Шпанија, попладнево се удави во отворениот Олимписки базен во Битола, потврди СВР Битола.

„Попладнево, во 16.46 часот во СВР Битола е пријавено дека во отворениот Олимпискиот базен во Битола се удавил шпанскиот државјанин С.Ч.(22)“, информираат од СВР Битола.

Оттаму известуваат дека смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид извршила увидната екипа на СВР Битола.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција, пренесува „Макфакс“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…