Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од денес во Македонија повторно ќе имаме нестабилно и врнежливо време, со поројни дождови и грмежи. Денес оваа нестабилност особено ќе биде интензивна попладне кога на места процесите ќе бидат понагласени. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието.
Дневната температура ќе се движи од 14 до 27 Целзиусови степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено попладне кога на места процесите ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието. Дневната температура ќе достигне до 24 степени.
Во Маврово дневната температура ќе биде 14 степени, Охрид 19, Битола 22, Крива Паланка 20, Берово 19, Кавадарци 25, Дојран 27 степени.
Следува период на променливо и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.