Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Вчера вечерта, во 20.55 часот, во кавадаречката полициска станица било пријавено дека на крстосницата од улица „Никола Минчев“ и булевар „Македонија“ во Кавадарци, патничко возило „Тојота ланд крузер“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(21) од Кавадарци, удрило во П.Ч.(83) од Кавадарци, пренесува Фокус.
Како што информираат од СВР Велес, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил П.Ч. и бил пренесен во Општа болница Кавадарци, а подоцна и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Повредениот пешак по околу три часа од несреќата, односно на 02.03.2022 во 00.05 часот починал.
Бил извршен увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.