Прво издание на Jazz Fortnight Festival


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На голема радост и задоволство на сите љубители и поклоници на џез музиката, новиот џез фестивал Jazz Fortnight Festival ќе го има своето премиерно издание. Македонската публика ќе може да ужива во 15 концерти на 6 различни состави низ 7 града.

Џезот е она кое нема рок на траење, не познава граници, раси или култури. Тоа е музиката која е направена за оние со префинет вкус. Сепак џезот не е ексклузивен, туку сеопфатен. Тоа е музика во која секоја нота може да биде илјадници пати отсвирена и секогаш на различен начин.

Сметаме дека оваа пролет македонската публика заслужува да уживате во две седмици исполнети со најдоброто од домашната џез сцена.

Ви го преставуваме Jazz Fortnight Festival 2019. Добро познати имиња од македонска џез сцена, на добро познати култни места во повеќе градови низ државата од 20-ти март до 3-ти април годинава ќе ви приредат вистинско музичко доживување.

ПРОГРАМА

20 март | Дом на млади Штип | Сашо Поповски Трио и Зулу 3.4
21 март | Киц Романса Мак.Каменица | Симон Киселички Трио
21 март | Public Room Скопје | Иван Иванов Квартет
22 март | Public Room Скопје | Сашо Поповски Трио
23 март | Public Room Скопје | Брама Трио
24 март | Public Room Скопје | Зулу 3.4
26 март | Podroom Куманово | Иван Иванов Квартет
27 март | Podroom Куманово | Симон Киселички Трио
28 март | Porta Jazz Битола | Иван Иванов Квартет
29 март | Bar “37” – Kavadarci | Џоле Грујовски
29 март | Porta Jazz Битола | Симон Киселички Трио
30 март | Take Five Прилеп | Брама Трио
30 март | Bar “37” – Kavadarci | Сашо Поповски Трио
02 април | КОТУР Скопје | Џоле Груjoвски
03 април | КОТУР Скопје | Симон Киселички Трио

За други информации во врска со фестивалот можете да прочитате ТУКА.